Денеска стартува Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка, а голем дел од националните тимови ги сменија генерациите по ОИ 2024.
Неколку врвни ракометари нема да играат на Мундијалот, а Франција иако требаше да биде најмногу ослабена, сепак дел од повредените се вратија навреме за настап.
Претходната 2024 година беше содржајна, пренатрупана со ракометни натпревари, а тоа го зема данокот.
Меѓу оние што нема да настапат на СП 2025 се Билик, Магнусон, Мае, Рајнкинд, Хоксер, Деска, Лене…
НИКОЛА БИЛИК (АВСТРИЈА)
Левиот бек на Кил нема да му биде достапен на селекторот Алеш Пајовиќ. Капитенот на австриската репрезентација ќе го пропушти СП поради повреда на бутниот мускул.
ОМАР ИНГИ МАГНУСОН (ИСЛАНД)
Членот на Магдебург нема да биде дел од Мундијалот, откако заработи тешка повреда на скочниот зглоб на меч од Бундес лигата.
ФЕЛИКС КЛАР (ШВЕДСКА)
Средниот бек на Магдебург имаше повреда на ахиловата тетива, па операција, па иако почна да тренира тешко дека ќе и помогне на Шведска на СП 2025.
ХАРАЛД РАЈНКИНД (НОРВЕШКА)
Десниот бек на Кил имаше проблеми со повреда на петата, па по ОИ мораше да оди на операција и се уште не е познато кога ќе се врати на терените.
МАДС ХОКСЕР (ДАНСКА)
Десниот бек на Алборг нема да игра на домашното СП во Хернинг, откако уште во октомври го повреди рамото и ќе паузира пет месеци.
ЈЕРИ ТОЛБРИНГ (ШВЕДСКА)
Левото крило на Фуксе Берлин заработи повреда на лигаментите на коленото на меч од Лигата на шампионите и ја заврши сезоната.
ОСКАР БЕРГЕНДАЛ (ШВЕДСКА)
Кружниот напаѓач на Магдебург нема да му биде на располагање на шведскиот селектор поради повреда на скочниот зглоб и го чека пауза од три месеци.
MAKС ДАРЈ (ШВЕДСКА)
По Бергендал, шведскиот селектор Апелгрен остана и без вториот пивот Дарј, кој на пријателскиот натпревар против Исланд го повреди коленото.
МАНУЕЛ ЗЕНДЕР (ШВАЈЦАРИЈА)
Швајцарија остана без најдобриот играч откако ги скина предните вкрстени лигаменти на коленото и ја заврши сезоната.
АРОН ПАЛМАРСОН (ИСЛАНД)
По Магнусон, Исланд остана и без Арон Палмарсон. Средниот бек на Веспрем нема да настапи на СП поради повредата на листот на мускулот.