Поранешниот ракометар на Вардар, Тимур Дибиров се пензионираше, а сега стана и дел од „Куќата на славните“ на клубот Чеховски Медведи од каде ј апочна својата играчка кариера, а неговиот дрес беше повлечен и поставен високо под сводот во салата.
И самиот Дибиров бил изненаден ког го видел неговиот дрес поставен високо во салата, за време на одигрувањето на Ф4 турнирот во СЕХА лигата.
„Секако дека бев изненаден! Преку клуб од Чехов и овој град минаа многу големи играчи, и за мене е голема чест што сум меѓу нив. Речиси секој од нив заслужува неговиот дрес да биде таму, затоа што сите вложија многу и оставија длабока трага во историјата на клубот. Горд сум што сум дел од тоа“, изјави Дибиров за „Брз Центар“.
Дибиров нагласи дека овој гест има големо значење за него.
„Според мене, токму ваквиот респект кон минатото го прави спортот посебен. Се наоѓам во одлично друштво на играчи чии дресови веќе висат таму, и чувството на гордост е огромно. Клубот, буквално, ми даде билет за влез во животот и големиот спорт“, продолжи Дибиров.
Имаше и транспарент што навивачите го поставија на кој пишуваше – ‘Тука започна твојот пат. Тука стана легенда’. Дибиров беше емотивен по овој потег.
„Тоа беше еден од најтрогателните моменти! Сакам посебно да се заблагодарам на фан-секторот на клубот, бидејќи е двојно поважно кога те паметат навивачите. Тие работи остануваат засекогаш — почитта од клубот и навивачите. Веројатно, тоа е сонот на секој спортист. Им благодарам од срце. Многу ми значеше и ќе го паметам тоа цел живот“, изјави Дибиров.
Русинот ја мина кариерата само во три клуба – Чеховски Медведи, Вардар и Загреб.