Јапонскиот репрезентативец Косуке Јасухира по само една сезона си замина од Вардар и во иднина ќе игра во Кувајт.
Полскиот првак Висла Плоцк, од каде беше позајмен „самурајот“ во македонскиот тим, го потврди неговото заминување во тимот на Бурган.
Тој трансфер беше неодамна најавен, а од денеска е официјализиран. Средниот бек кој веднаш стана миленик на навивачите на Вардар на социјалните мрежи се прости од нив.
Јапонскиот репрезентативец беше во сопственост на Висла Плоцк, која бараше висока оштета за да го пушти една година пред крајот на договорот, а таа беше платена од Бурган.
Покрај Јасухира, во овој тим од идната сезона би требало да настапува и левиот бек Стипе Мандалиниќ.