Потсдам се збогува со Томовски

Македонскиот репрезентативен голман Мартин Томовски од лето ќе има нов предизвик во кариерата.

Тој по една сезона заминува од тимот на Потсдам, за кој вчера настапи за последен пат на бундеслигашки натпревар.

Потсдам се сели еден ранг подолу и се раздели со повеќето ракометари кои играа оваа сезона во најсилната конкуренција во Германија.

Македонскиот чувар на мрежата имаше одлична полусезона во бундеслигашкото друштво и направи камбек во националниот тим.