Потрес во Фуксе Берлин: Сменет тренерот Сиверт – доаѓа Крикау!

Германскиот шампион Фуксе Берлин влегува во нова ера. По најавата дека Стефан Кречмар нема да го продолжи договорот, клубот и досегашниот спортски директор се договорија за итно раскинување на соработката.

Со Кречмар, кој беше дел од клубот од 2020 година, „лисиците“ ова лето ја освоија својата прва титула шампион на Германија.

„По повеќе од пет интензивни и успешни години, мојата работа завршува со итен ефект. Одлуката боли, но носи јасност за сите страни. Горд сум на сè што постигнавме,“ изјави Кречмар, кој им се заблагодари на играчите, стручниот штаб и навивачите.

Промени има и на клупата – Јарон Сиверт, кој исто така беше дел од клубот од 2020 година и ја донесе шампионската титула минатата сезона, е ослободен од својата функција.

„Тоа е најтешката одлука во моите 20 години во Фуксе,“ призна извршниот директор Боб Ханинг.

Новата фигура која треба да го води спортскиот дел на клубот е данскиот стратег Николај Крикау, кој потпиша тригодишен договор до 2028 година. Тој ќе биде тренер и спортски директор во едно, и ќе дебитира веќе во сабота против Магдебург. Крикау, кој до неодамна работеше во Фленсбург, важи за еден од најпрепознатливите тренери во Данска и откривач на бројни национални репрезентативци.

Поддршка ќе добие и од легендата на клубот Пол Друкс, кој од 2026 година ќе има улога на врска меѓу тимот, тренерот и управата.

Со овие промени, Фуксе Берлин ја отвора новата страница во својата историја и влегува во сезоната со амбиција да ја одбрани титулата и да остави печат и на европската сцена.