Потешко не можеше – еве против кои ривали Македонија ќе игра на младинското ЕП

Денеска во Виена беше извршена ждрепката за Европското првенство за младинци што ќе се одржи во Романија.

Македонија ќе биде дел од групата Д и ќе игра против Хрватска, бронзената од претходното ЕП, Данска, како и уште една скандинавска селекција – Норвешка.

Натпреварите ќе се играат во Клуж Напока и Турда од 8 јули до 19 јули, а најдобрите две селекции од секоја група ќе обезбедат место во главната рунда.

Европско првенство младинци, Романија:

група А: Грција, Франција, Германија, Португалија
група Б: Турција, Фарски Острови, Србија, Швајцарија
група Ц: Летонија, Австрија, Исланд, Шпанија
група Д: Македонија, Хрватска, Данска, Норвешка
група Е: Босна и Херцеговина, Израел, Шведска, Романија
група Ф: Полска, Чешка, Унгарија, Словенија