Потера по Хрватите: Срна на мета на Монпелје, ПСЖ го сака Мараш, Келце тргна по Мандиќ…

По Верон Начиновииќ, кој од летото 2025 ќе биде член на Кил, уште тројца млади хрватски репрезентативци би можеле да заминат во европски гиганти.

Според пишувањата на „Спортске Новости“, членот на Загреб, Звонимир Срна, наредното лето би можел да се пресели во францускиот Монпелје.

Францускиот првак ПСЖ го има пикирано некогашниот пелистерец Матео Мараш, кој би требало во летото 2025 година да го замени Кент Робин Тонесен и би формирал дуо со Јахја Омар.

Мараш во моментов е член на унгарската Татабања, а пред да дојде во Македонија играше за Балиќ-Метличиќ.

ПСЖ исто така го посакува и голманот на Загреб, Матеј Мандиќ, кој ја продолжи соработката со хрватскиот првак до 2026 година. Французите во него гледаат идеална замена за Паличка или Грин. Мандиќ ова лето веќе беше мета и на полскиот Келце кој остана без Андреас Вулф.