Требаше да помине едно големо натпреварување за машката репрезентација да слави на натпревар од Европското првенство.
Избраниците на Кире Лазаров славеа против Швајцарија со 29-27 и победнички завршија на ЕП 2024.
Претходно на ЕП 2022, немавме ниту една победа и загубивме од селекциите на Црна Гора, Словенија и Данска.
Последниот триумф беше на 10 јануари 2020 година во Австрија, на ЕП 2020, кога со голот на сегашниот селектор ја победивме Украина со 26-25.