Постолов преговара со Радовиш, но има и други понуди

Еден од најдобрите стрелци во суперлигашкото друштво, Здравко Постолов, ова лето би можел да ја продолжи соработката со неговиот матичен клуб, но и да замине во друга средина.

Неговиот досегашен тим Радовиш веќе подготви понуда за останување на капитенот, за кој има интерес и од други македонски тимови.

Постолов покрај за Радовиш, во Македонија ги носеше дресовите на Вардар Јуниор, Јуниор Кисела Вода и Тиквеш.

Радовишани досега ги договорија десното крило Мартин Димов, голманот Даниел Ацев, како и левиот бек Филип Сиљанов, а во преговори се со средниот бек Бобан Каковски.