Последен европски меч годинава: Во продажба билети за Вардар – Тулуз

Вардар е веќе пласиран во ТОП 16 фазата од Лигата на Европа, а на 2 декември ќе го игра последниот дуел од групната фаза против Тулуз.

На тој меч и официјално, без разлика на исходот, Вардар ќе го прослави пласманот меѓу најдобрите 16 екипи во Лигата на Европа.

Од денеска во продажба се билетите за последниот домашен меч на „црвено-црните“ од групната фаза против Тулуз.

Натпреварот е закажан за 2 декември (вторник) во СЦ „Јане Сандански“ со почеток во 18:45 часот. Продажбата ќе се врши онлајн ТУКА и на билетарницата на салата, секој работен ден од 10:00 до 17:00 часот.

Цените на билетите се 200, 250 и 300 денари во зависност од местото на седење во салата.