Селекторот на женската сениорска репрезентација, Кристијан Грчевски, објави поширок список на ракометарки пред дуелите со Азербејџан и Литванија од квалификациите за ЕП 2024 година.
Во споредба со претходниот поширок список за двомечот со Шпанија, Грчевски направи пет измени и вметна кадетски репрезентативки.
На списокот се најдоа голманката Софи Гошевска, левото крило Леона Миленкоска, пивотите Хана Мифтари и Анастасија Трпеска, како и левиот бек Михаела Кралева.
За оваа акција на списокот ги нема Слободанка Кицеска, Марија Тасевска, Сања Дабевска, Теодора Гулицоска и Милица Николиќ.
Натпреварот против Азербејџан се игра во Баку на 3 април од 15:00 часот, додека дуелот со Литванија е на програмата на 7 април од 18:00 часот во Скопје.
Македонија е практично пласирана на ЕП, но тоа мора да се потврди со победа во Баку, а истовремено Шпанија да слави на гости кај Литванија.