Поширок список на Грчевски – еве кои 35 ракометарки се во конкуренција за ЕП

Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список на ракометарки пред Европското првенство во Унгарија, Швајцарија и Австрија.

На списокот има 35 ракометарки, а меѓу нив главно се ракометарките кои и досега настапуваа за националниот тим.

Грчевски на списокот има 14 ракометарки што настапуваат во странство, како и 21 ракометарка што играат во домашното првенство.

Во споредба со претходните две ЕХФ недели, на поширокиот список ги нема Леонида Гичевска од Лада Тољати и Марија Тасевска од Униреа Слбозиа.

Последните тестови пред Европското првенство, Македонија ќе ги има против Хрватска и Србија на „Кроација Куп“.

На континенталниот собир, нашите ракометарки ќе играат против еден од домаќините – Унгарија, како и против Шведска и Турција.