Екипата на Бенфика, во која настапува Филип Талески, триумфираше над ГОГ со 33:31 (17:15) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа.
Португалскиот тим на реванш дуелот, кој ќе биде одигран на 1 април, ќе треба да ја сочува предноста, да одигра реми, или пак да загуби со минус два за пласман во ТОП 8.
Освен екипата на Бенфика, триумф забележа и вториот претставник од Португлаија, Порто, кој го совлада Тулуз со 35:28 (16:16).
Домашниот тим во победата беше предводен од Петро Валдес со осум погодоци, а на спротивната страна Тео Џери, исто така, имаше осум реализации.
Реванш натпреварот меѓу двете екипи ќе се одигра на 1 април во Тулуз, по што ќе биде познато која екипа ќе продолжи во четвртфиналето.