Само два и пол месеци пред почетокот на Светското првенство 2025, женската ракометна репрезентација на Иран доби нов селектор.
Федерацијата на Иран ја назначи Португалката Ана Кристина Тешеира Сеабра за нова селекторка на националниот тим.
Сеабра е вистинска легенда на португалскиот женски ракомет – со 215 настапи за репрезентацијата на својата земја и богата клупска кариера во шпанскиот клуб Месалија и португалскиот Сао Педру До Сул.
По завршувањето на играчката кариера, таа ги предводеше младинските селекции на Португалија и две сезони го тренираше клубот Месалија. Со Иран потпиша договор на две години.
На Светското првенство 2025, тимот на Сеабра ќе се натпреварува во групата Б, заедно со репрезентациите на Унгарија, Швајцарија и Сенегал.