Македонскиот првак Ѓорче Петров го гради тимот за наредната сезона, а најновото засилување доаѓа од Португалија, дознава 24Ракомет.
Станува збор средниот бек Шејла Цезарија Жоао Ланга, која доаѓа од португалскиот тим Мадеира, каде ги мина последните две сезони.
Ланга има 21 година, потекнува од тимот на Маиа, а беше дел и од Кале три сезони, а во последните две со Мадеира играше во ЕХФ Европскиот Куп.
Во сезоната 2023/24 на 35 меча даде 115 гола, додека минатата сезона на 38 натпревари постигна 85 погодоци. Со Маедира го освои Купот на Португалија во 2023/24, а минатата сезона освои трофеј во Супер Купот со истиот тим.
Ѓорче Петров досега ги задржа голманката Флавија Габина, Милица Николиќ, Катерина Дамјаноска, Ива Велкова, Емилијана Ризоска и Мила Ѓорѓиевска, како и Санкон Кадиату и Камара Мацире.
Претходно „лавиците“ ги засилија своите редови со голманката Марија Јовановска, левото крило Стефанија Ѓорѓиевска, пивотот Анастасија Трпеска, Бугарката Стефани Петрова и сестрите Бојана и Борјана Коцеви.