Португалија со седум интернационалки на ЕП 2024

Селекторот на женската репрезентација на Португалија, Хозе Антонио Силва, го објави списокот на ракометарки што ќе бидат дел од ЕП 2024.

Силва повика 17 ракометарки за настап на континенталниот собир, а меѓу нив ќе биде ракометарката на Колехио Де Гаиа, која играше против Чаир, Бебиана Сабино.

Сабино е најискусната во составот, потоа тука се Изабел Гоис од Мадеира, како двоецот од шпанската Малага, Јоана Резенде и Патрисија Лима.

Меѓу повиканите е младата Луцијана Ребело, која играше против Македонија на последните големи натпреварувања на младинските селекции.

Португалија ќе игра на ЕП во група со Франција, Шпанија и Полска.