Португалија со комбиниран состав подобра од Чешка

Селекцијата на Португалија славеше против Чешка со 35-32 во единствениот пријателски натпревар што се одигра денеска.

Избраниците на Пауло Переира, кој не сметаше на најсилниот состав за оваа ЕХФ недела, водеа со 18-17 на паузата против жилавиот ривал.

Сепак во вториот дел домаќините на овој дуел успеаја да направат повисока предност, што ја сочуваа до крајот, а најдобар стрелец беше Мигел Невеш со пет погодоци.

За оваа акција не беа повикани браќата Кошта, Фраде, Ареиа, Итуриза, Бранкињо, Мартинс…

Португалците со пласманот во ТОП 6 на ЕП 2026 обезбедија директно место на СП 2027, додека Чешка ќе има тешка задача да стигне до Мундијал и ќе мора да се соочи со Франција.