Репрезентацијата на Португалија со убедливата победа на БиХ од 29:19 веќе се наоѓа пред пласман на Светското првенство 2025.
Португалците на денешниот натпревар од самиот почеток наметнаа свое темпо, кое што избраниците на Доборац не можеа да го следат.
Домаќините на полувреме имаа предност од 14:10 и во ниту еден момент во вториот дел не дозволија било какво опуштање во своите редови.
Свој деби настап во сениорскиот дрес на БиХ имаше членот на Еурофарм Пелистер, Павле Петровиќ, кој беше меѓу најдобрите стрелци.
Десниот бек на битолскиот тим играше солидно во нападот и одбраната покажувајќи ги своите квалитети, а зад своето име запиша три погодоци.
Реванш дуелот меѓу БиХ и Португалија ќе се одигра на 12 мај во босанскиот град Тузла.