, Slovenia vs Faroe Islands, EHF Men's Euro 2026, Oslo - Baerum, Norway, 20.01.2026, Mandatory Credit © Filip Viranovski / kolektiff

Португалија ja шокираше моќната Данска, Словенија го скрши сонот на Фараните, Исланд пред Унгарија во главна фаза

Македонија очекуваше Данска да го одигра најдоброто против Португалија за сигурен пласман во главната фаза, но се случи спортивното.

Во неизвесен натпревар во кој Португалија ја имаше иницијативата и во поголем дел предноста, Данска ги разочара фановите во Хернинг и понуди неизвесен натпревар во кој имаше и три голови негатива. Португалија славеше голема победа со резултат 31-29

Разликата која ја градеа во текот на целиот натпревар им овозможи на португалците комотна завршница. Па на крајот го пратија домаќинот во главна фаза без бодови, Португалија е прва во група Б и пренесува два бода во следната фаза. Од оваа група Македонија се пласираше на третата позиција, а Романија е последна четврта.

Mandatory Credit © Eva Manhart / kolektiff

Фарски острови ги разочараа своите фанови откако во дуелот кој им ја решаваше судбината на ова Европско првенство немаа сили да се спротистават на Словенија. Фараните имаа поддршка на трибините, веќе пласиран противник наспроти себе, предност на полувремето, но на средината на вториот дел им дозволија на Словенците да создадат предност од четири голови, кои на крајот беа недостижни за конечни 30-27. На Фарски острови доволен им беше и бод, но на крај мораа да прифатат пораз за крај на сонот на оваа мала но френетична ракометна нација. Со поразот на Фарски острови, на овој дуел, Швајцарија и Словенија се пласираат во следната фаза.

Mandatory Credit © Filip Viranovski / kolektiff

Македонските судии Тодоровски и Митревски го судеа натпреварот меѓу Унгарија и Исланд. Дуелот за првата позиција во групата Ф и пренесување бодови во главната фаза  заврши со резултат 24-23 и побада за Исланд. Неизвесен натпревар кој до самиот финиш ги држеше фановите на работ на столчињата на крајот, поуспешни беа „рибарите“.