Patrick ANDERSON and Salvador SALVADOR, Portugal vs Norway, EHF Men's Euro 2026, Herning, Denmark, 26.01.2026, Mandatory Credit © Uros Hocevar / kolektiff

Португалија и Норвешка ги поделија бодовите

Португалија и Норвешка ги поделија бодовите во третото коло од главната фаза откако во Хернинг одиграа интересен дуел кој заврши со резултат 35-35(17-18).Трката за полуфиналето ќе биде речиси недостижна за овие две репрезентации кои ќе одиграат по уште еден натпревар до крајот на групата 1. Со победа на Данска или Франција во преостанатите два натпревари од денешната програма, ќе заврши надежта на Португалија и Норвешка за полуфинале.

Секоја грешка ги менуваше работите на терен и го менуваше тасот на вагата. Норвешка имаше гол предност на полувремето, но не успеа да го задржи до крај.

Норвежаните имаа водство во текот на целото прво полувреме, Португалија само  стартот на натпреварот го започна со минимална предност која бргу ја снема, а по само четири минути игра Норвешка имаше минимален гол залиха, предност која ја одржа до самиот крај на полувремето. Разликата се зголемуваше за еден до два гола, но Португалија не дозволи лесно да биде совладана. Постојано беше во игра на овој дуел, а на среднина на првиот дел го изедначи резултатот. Норвешка продолжи да го контролира резултатот и темпото, а на пауза замина со гол предност и резултат 18-17.

Вториот дел понуди динамична игра во која грешките во нападот чинеа многу. Норвежаните го контролираа резултатот и имаа предност до 40 минута. Составот на селектрот Переира ги искористи грешките во нападот на противникот и го изедначи резултатотот, кога Фраде со два гола во низа ги замени улогите на двата тима. Португалија имаше контрола и резултат, а дојде и до „плус три“ на средина на второто полувреме. Имаше Португалија шанса и за четири голови залиха, но не искористија удар од пенал линијата, па казната стигна веднаш. До 52 минута Норвешка го изедначи резултатот и најави интересен финиш на првиот денешен дуел во група 1 во Хернинг.

Португалците имаа иницијатива и минимална предност, но во последната минута двете екипи влегоа изедначени на 35-35. Нападот на Португалија заврши во рацете на Бергеруд, а во последните секунди од дуелот Норвешка не обезбеди квалитетен шут кон голот на Португалија па бодвите се поделија.

Португалскиот пивот Фраде го заврши дуелот со двоцифрен број голови, вкупно 11. Андерсон и Педерсен постигнаа по 9 за Норвешка.