Два од трите ривали на Македонија денеска одиграа пријателски натпревари пред стартот на Европското првенство во Данска, Шведска и Норвешка.
Португалците се на чекор до првото место во групата на турнирот во Шпанија, откако по ремито со Египет, убедливо славеа против Иран со 41-20. Селекторот Пауло Переира пробуваше разни тактички варијанти, најчесто се играше „седум на шест“, а Салвадор Салвадор имаше четири гола и беше прогласен за МВП на мечот.
Швајцарија се помачи но го победи Бахреин со 33-30, па утре против Македонија ќе следува битка за првото место и трофејот на „Жолтиот Куп“.
Романија по поразот кај Италија, загуби и од Унгарија, но сега многу поубедливо со десет погодоци, 33-23. Младиот Даниел Станчиук даде осум погодоци, а Кристијан Гита и Тудор Ботеа беа прецизни по три пати. Голманите Попеску и Јанку комбинираа 13 одбрани.
Победи забележаа Финска, Црна Гора, Исланд, Словачка, Италија, Франција…
Пријателски натпревари:
Литванија – Финска 25-32
Црна Гора – Босна и Херцеговина 36-25
Португалија – Иран 41-20
Украина – Македонија 26-31
Исланд – Словенија 32-26
Унгарија – Романија 33-23
Грузија – Кувајт 28-24
Словачка – Тунис 35-30
Фарски Острови – Италија 34-36
Швајцарија – Бахреин 33-30
Франција – Австрија 34-29


























