Женската младинска репрезентација на Македонија ја очекуваат уште два меча на ЕП, во кои ќе се обиде да го избегне последното место.
Македонија денеска го стартува разигрувањето за пласман од 21 до 24 место, а прв ривал е селекцијата на Португалија.
Овој натпревар се игра во салата „Верде“ со почеток во 17:00 часот, по што ќе следува ден одмор за сите репрезентации.
Ако победи, Македонија ќе игра со победникот од дуелот меѓу Литванија и Финска за 21 место, ако загуби ќе игра со поразениот од претходно наведениот двобој за 23 место в недела.
Европско првенство, распоред на натпревари:
полуфинале:
17:00 Австрија – Шпанија
19:30 Данска – Германија
5-8 место:
17:00 Франција – Хрватска
19:30 Унгарија – Црна Гора
9-12 место:
12:00 Србија – Романија
14:30 Чешка – Полска
13-16 место:
12:00 Исланд – Норвешка
14:30 Турција – Шведска
17-20 место:
14:30 Холандија – Фарски Острови
19:30 Швајцарија – Словенија
21-24 место:
12:00 Финска – Литванија
17:00 Македонија – Португалија