Селекторот на Португалија, Пауло Переира, го објави финалниот список за настап на Европското првенство 2024, кое ќе се одржи во Германија.
Голем проблем за Переира ќе биде отсуството на Виктор Итуриза, Андре Гомеш и Фабио Магаљаеш.
Тројцата ракометари поради повреда нема да имаат можност да настапат на континенталниот собир во јануари.
Португалија во текот на подготвителниот период ќе одигра две контролни средби со Германија.
Прв ривал на Португалија на Европското првенство ќе биде Грција, потоа следуваат дуелите со Чешка и Данска.