Португалија без Гомеш на СП, Переира не смета ниту на вардарците Еспиња и Пинто

Селекторот на Португалија, Пауло Переира, го објави скратениот список на ракометари пред Светското првенство во Хрватска, Данска и Норвешка.

Переира смета на 20 ракометари, меѓу кои не е левиот бек Андре Гомеш, како ниту вардарците Mигел Еспиња и Мигел Пинто.

Откако ги пропуштија првите две средби од квалификациите за ЕП 2026, во националниот тим се враќаат голманот Густаво Капдевил и средниот бек Фабио Магалаеш.

Португалците пред СП 2025 ќе играат две пријателски средби против Франција и Чешка, а на Мундијалот ќе играат во Норвешка, против домаќинот, Бразил и САД.