Португалците му дадоа 79 гола на Бахреин, Романија ја намачи Италија

Два од трите ривали на Македонија на ЕП ги одиграа првите тест натпревари пред стартот на континенталниот собир.

Португалија во комбиниран состав одигра два тренинг меча со Бахреин, на кој не се водеа официјални записници, а избраниците на Пауло Переира остварија убедливи победи со 39-29 и 40-28.

На „Купот на пријателството“ во Москва, Русија А и Белорусија запишаа убедливи триумфи, втори по ред, па во третото коло во меѓусебниот дуел ќе одлучат која селекција ќе биде освојувач на трофејот.

Чешка славеше на гостински терен кај Австрија со минималец, 30-29, откако на полувремето беше реми, 13-13. Мрква беше одличен на голот на Чешка и фати три пенали, а домаќините не ја искористија последната прилика за нерешено.

Словенците иако со огромни проблеми, победија убедливо против селекцијата на Кувајт, 36-23, а покрај оние кои веќе се отпишани за настап, на овој меч на трибини беа Новак и Слатинек Јовичиќ, додека беа на клупа ама не играа Хенигман и Сухолежник.

Италија ја победи Романија со 35-34, со голот на Симоне Мењон на триесетина секунди до крајот откако претходно домашните имаа шанса да зголемата на плус два при 34-33, но Станеску одбрани, а потоа Гита погоди на спротивната страна.

Новата ѕвезда на романскиот ракомет, Даниел Станчиук, беше најдобар стрелец кај нашиот ривал со девет гола, по шест дадоа повратникот Гита и Деду, Бузле и Сас погодија по три пати, а голманот Попеску имаше 11 интервенции.

Пријателски натпревари:

Белорусија – Русија Б 36-22
Русија А – Кина 40-20
Италија – Романија 35-34
Словенија – Кувајт 36-23
Австрија – Чешка 29-30
Португалија – Бахреин 39-29
Португалија – Бахреин 40-28