Порто во Кил ја бара замената за Митревски

Португалскиот Порто по промашената сезона во која не освои трофеј на домашна сцена, а немаше успешен настап ниту во Лигата на шампионите, прави комплетна реконструкција.

Од порано беше познато дека Никола Митревски се враќа во Еурофарм Пелистер, а сега клубот е во потрага на нов чувар на мрежата.

Според „Handball Basse“, на мета на Порто е голманот на Кил, Самир Беласен. По доаѓањето на Андреас Вулф, јасно е дека еден од Беласен и Мрква ќе си оди, а очигледно е дека тоа ќе биде Французинот.

Порто го има Диого Рема, но посакува квалитетен голман за новата сезона, откако лани не успеа да го донесе Матеуш Корнецки.

Португалскиот тим го врати Магнус Андерсон на кормилото и се раздели со Карлос Резенде по само една сезона.