Португалскиот Порто успеа да се врати на победничките патеки во домашното првенство по ремито на Исланд со Валур во Лигата на Европа.
Избраниците на Магнус Андерсон го победија составот на Брага со 38-28 во натпреварот од 9 коло во португалскиот шампионат.
Сега Порто е прв на табелата со девет победи на девет натпревари и 18 бодови, пред Спортинг, кој има осум од осум и 16 бода.
Порто е следен ривал на Вардар во Лигата на Европа и доаѓа во Скопје на натпревар од третото коло во вторник во СЦ „Јане Сандански“ од 20:45 часот.
Вардарци исто така имаа победничко загревање за двобојот со Порто, откако славеа против Куманово во суперлигашката пресметка од 8 коло.