Тимот на Порто, каде што брани македонскиот репрезентативец Никола Митревски ја продолжи лошата серија во Лигата на шампионите.
Португалскиот шампион не успеа да најде лек за европскиот првак Магдебург и загуби убедливо на домашен терен со 40-31. Иако во првиот дел Порто не беше во подредена позиција, сепак немаше сили за нешто повеќе на овој натпревар.
Митревски бранеше во поголем дел од натпреварот и успеа да забележи седум интервенции од 30 упатени шута кон неговиот гол.
Најдобри стрелци во победничкиот тим беа Магнусон и Хорнке со по осум гола, додека кај Порто се истакна Мартинез со седум реализации.
Магдебург сега е втор на табелата со 16 бода, додека Порто е на делба на шестото место со Висла Плоцк со по шест бода и напролет ќе има тешка битка за место во осминафиналето во Лигата на шампионите.