Тимот на Вардар го очекува третиот натпревар од групната фаза во Лигата на Европа, а во Скопје гостува португалскиот Порто.
Вардар веќе ги пушти во продажба поединечните билети за можеби најважниот дуел од групната фаза, на кој со победа може да се доближи до главната рунда.
Мечот е закажан за во вторник, 22 октомври 2024 година во 20:45 часот во СЦ „Јане Сандански“. На првиот дуел салата беше солидно исполнета, но сега навивачите ќе им бидат повеќе од потребни на „црвено-црните“ да им помогнат во битката за триумф.
Продажбата ќе се одвива онлајн ТУКА, а билетите имаат популарни цени од 300 денари за сите горни блокови, односно 400 денари за долните блокови.
Вардарци го совладаа Валур во првиот меч, додека загубија убедливо кај Мелсунген на втората средба.