Поранешните ракометари на Вардар, Јоел Куни Моралес и Павел Атман, кој играше и за Металург, ќе бидат дел од иста екипа во новата сезона.
Кубанскиот десен бек и рускиот среден бек потпишаа договори за следната сезона со тимот на Хапоел Ришон Ле Зион.
За Моралес имаше комбинација со унгарската Татабања, но таму не ги мина лекарските прегледи и тој трансфер пропадна.
Атман пак беше во комуникација со Бутел Скопје, и иако најави дека сака да замине од Израел, сепак ќе продолжи таму.
Моралес претходната сезона ја одигра во хрватскиот Загреб, додека Атман беше дел од Макаби Ришон Ле Зион.