Поранешниот репрезентативец Сречко Георгиевски е новиот дисциплинец на РФМ

Поранешниот ракометен репрезентативец Сречко Георгиевски е назначен за претседател на Дисциплинската комисија на РФМ. Тој треба да ги избере своите соработници во најкус можен рок.

Георгиевски е дел од првата репрезентација на Македонија која во почетокот на 90-тите од минатиот век настапуваше, а сега е факултетски професор. Сега е дел од здружениетона ракометни ветерани на Македонија. Претходно има настапувано за Вардар, Металург…

Нови претседатели добија и други комисии: Кај
Арбитражна комисија претссдател е адвокат Борко Бајалски, кај Регистрациона комисја Методи Лисански, за Лиценцирање – Горан Милошевски,

Нов управител на РФМ Маркетинг дооел е Влатко Тасевски, кој истовремено е изгласани за ВД генерален секретар на РФМ.

Директорот на репрезентациите, Влатко Тасевски ги запозна членовите на УО со плановите на машката и женска сениорска репрезентација з аона што ги очекува. Машките треба да играат двомеч со Словенија, а женските имаат ЕХФ недела и треба да одиграат два контролни натпревари со Србија како гости.

Женската сениорска репрезентација треба да игра бараж со Полска во април, на 12 април во Битола за пласман на СП.