Поранешниот херој на Вардар потпишува со Келце!

Еден од најдобрите голмани во светот, Дејан Милосављев, наредното лето најверојатно ќе се пресели во полскиот Келце, пишуваат српските медиуми.

Српскиот репрезентативец, кој има 29 години, ќе го напушти Фуксе Берлин по завршувањето на сезоната 2025/26, по седум успешни години во Германија, каде освои сè на домашна сцена – со исклучок на титулата во Лигата на шампионите.

Но, токму таа титула Милосављев веќе ја има во својата колекција, откако во 2019 година стана европски првак со Вардар, во својата дебитантска сезона во елитното европско натпреварување.

Неговиот договор со германскиот клуб важи до летото 2026 година, по што се очекува да се пресели во Полска.

Келце веќе подолго време се обидува да пронајде достојна замена за Андреас Волф, чие заминување остави голема празнина меѓу стативите. Нивната слабост на голманската позиција се почувствува минатата сезона, кога тимот не успеа да ја одбрани титулата во полското првенство и остана без пласман на Ф4 турнирот во Келн.

Со ангажманот на Милосављев, полскиот шампион би добил докажан и искусен голман, кој може да биде клучниот фактор за враќање на врвот и во домашното и во европското ракометно натпреварување.