Австрискиот репрезентативец Раул Сантос, кој настапуваше за Фуксе ја заврши својата кариера.
Раул Сантос е роден во Санто Доминго (Доминиканска Република), но на 11-годишна возраст се преселил во Австрија, каде веќе на 12 години започнал да тренира ракомет во Леобен. Со овој клуб во 2008 година избори пласман во најсилната австриска конкуренција, а во 2012 и 2013 година беше најдобар стрелец во регуларниот дел од сезоната.
Во 2013 година премина во Бундес лигата во редовите на Гумерсбах, а веќе во 2016 година потпиша за гигантот Кил. Иако ја освои Куп титулата на Германија во 2017 година, токму во овој период започнаа и сериозните проблеми со коленото. Подоцна настапуваше и за Лајпциг, каде што најмногу се истакнуваше со реализирање на седмерци, иако честопати беше испраќан да игра во третолигашкиот состав.
Во 2020 година се врати во Гумерсбах и помогна во нивниот камбек во Бундес лигата. Се прости од клубот во 2022 со освоена промоција.
Последните три сезони ги мина во австрискиот Фуксе, но поради нова повреда беше подложен на операција во октомври, по што ја пропушти целата сезона.
Иако тогаш не размислуваше за крај, сега е јасно – Раул Сантос му кажа збогум на професионалниот ракомет. Зад него е кариера исполнета со успеси, како и настапи за Австрија на ЕП 2014 и СП 2015.