Поранешна репрезентативка на Македонија ја заврши кариерата на 25 години!

Поранешната македонска репрезентативка Марија Тасевска реши да стави крај на играчката кариера на 25 години.

По 15 години активно играње во Македонија и во странство, Тасевска го остави ракометот и ќе работи во областа на фитнесот.

Таа првите чекори ги направи во Металург, а во странство ги носеше дресовите на српската Јагодина, австрискиот Дорнбирн, грчкиот ПАОК Солун и романската Униреа Слобозиа.

Тасевска со Металург и Јагодина играше и во европските купови, а откако ги мина сите младинските категории, стигна и до сениорската репрезентација на Македонија.