Поранешниот селектор на Македонија, Ивица Обрван, покрај клупскиот ангажман во Подравка, ќе има и репрезентативен.
Според пишувањата на „Спортске Новости“, Обрван ќе биде селектор на женската репрезентација на Хрватска и ќе ја води на претстојното СП.
„Кралиците на шокот“ останаа без Ненад Шоштариќ, кој се пресели во Загреб, па ХРС мораше да реагира за кратко време.
Обрван ја водеше Македонија на три големи натпреварувања – ЕП 2014, СП 2015 и ЕП 2016 година, а сега ќе има шанса за нов настап на мундијалите.
Хрваткките се во група со Шведска, Сенегал и Кина на СП. Од ХРС се уште не го потврдуваат договорот со Обрван и тврдат дека во комбинација се и други тренери.