Еден од најстарите македонски клубови, Пролет од Скопје го решава прашањето на гомланската позиција со поранешен репрезентативец, кој исто така има и интернационално искуство и повеќе од сигурно е дека доаѓа во тимот од Пролеќе. Искусниот голман има настапи во сите европски купови, од ЕХФ Куп, КПК, Челинџ Куп, Лига на шампиони и за младинската и сениорска репрезентација на Македонија.
„Зелено-жолтите“ се во поодмината фаза на договарање со Златко Даскаловски, и остануваат само уште детали што треба да бидат ставени на хартија пред официјалното промовирање на новиот играч.
По 12 години Даскаловски би се вратил во Пролет каде настапуваше со сезоната 2011-2012. Во 2019 година беше дел од сениорската репрезентација на СП 2019 година кога гоосвоивме 15. место, а претходно и на ЕП 2018 година. Има двоцифрен број настапи за сениорската репрезентација на Макеонија.
Освен што ќе брани, тој ќе работи и со голманите во екипата, слично како што беше и во Голден Арт. Во кариерата бранел за Вардар, и има две шампионски титули, а бил дел и од тимот на Бутел и тоа две сезони. Интернационалната кариера ја почнува во Ловќен во 2012 година, а потоа заминува за Анкара (Турција). Уште пет сезони брани надвор од државата, и тоа четири во Темишвар (Романија) и една во Стразбур (Франција).
Даскаловски последните три сезони беше дел од тимот на Голден Арт. Сега му заврши договорот, тимот се пресели во Прва лига, а Даскаловски беше желба на повеќе суперлигаши. Тој сепак ќе остане во Скопје и ќе брани за Пролет.
Досегашниот прв голман на скопјани, Михаљевиќ замина за Романија, па клубот бара негова замена. Таму треба да остане и Андреј Петковски, кој лани намногу натпревари беше меѓу најдобрите играч на тимот.
За новата сезона Пролет ги донесе Стефан Стојчевиќ, го задржа Александар Василевски, а останува и тренерот Александар Јовиќ. Од тимот заминаа Арсеновски, Михаљевиќ, Крстески и Пецаковски кој ја заврши кариерата.