Поранешен „бомбардер“ на Металург се врати во татковината

Некогашниот младински репрезентативец на Хрватска и екс член на Металург, Марко Матиќ, се врати во татковината.

Тој играше за многу странски клубови во изминатите десетина години, а сега потпиша за хрватскиот Осијек.

Матиќ, кој е висок 202 цм, беше дел од тимот од Автокоманда во сезоната 2015/16 кога Металург играше во Лигата на шампионите.

Високиот ракометар потекнува од Извиѓач Љубушки, потоа играше за Загреб две сезони пред да дојде во Металург, а по настапите за Македонија играше за португалскиот Порто, германскиот Гумерсбах, израелскиот Макаби Ришон Ле Зион, како и швајцарската Амичитија…