Европската ракометна федерација го одложи натпреварот од квалификациите за Европското првенство 2026 меѓу Грција и Израел, кој првично требаше да се одигра во недела, 8 март, во Козани.
Во неделата ЕХФ веќе го одложи натпреварот од 3. коло меѓу истите селекции кој беше закажан на 4 март во Ришон Ле Зион.
„Одлуката да се одложи и натпреварот во Грција следува по интензивна и многу конструктивна комуникација меѓу ЕХФ, Грчката и Израелската ракометна федерација, при што се разгледуваше можноста двата натпревари да се одиграат во текот на два дена во Грција, паралелно со следење на ситуацијата на Блискиот Исток и нејзиното влијание врз патувањата и безбедноста. Сепак, сите напори беа засенети од случувањата во регионот. Имајќи ја предвид неизвесната состојба во наредните денови и во интерес на заштита на добросостојбата на сите засегнати страни, ЕХФ одлучи двата натпревари меѓу Израел и Грција во рамки на квалификациите за ЕП 2026 да бидат одложени“, се вели во соопштението на ЕХФ.
Двете селекции ќе се борат за третото место на табелата, ако се знае дека Шпанија и Австрија ќе бијат битки за првото место и практично се веќе пласирани на континенталниот собир.






















