Дербито на 3 коло од суперлигашкиот плеј-оф меѓу Вардар и Охрид нема да се игра викендов поради европскиот настап на „гладијаторите“.
Охриѓани му гостуваат на Олимпијакос во четвртфиналето на ЕХФ Европскиот Куп, па натпреварот против Вардар доби нов термин.
Момците на Борис Ројевиќ ќе гостуваат кај актуелниот лидер на табелата во Супер лигата на 2 април во СЦ „Јане Сандански“ од 18:30 часот.
Овој натпревар доаѓа за Охрид меѓу двете пресметки во ЕХФ Европскиот Куп со грчкиот Олимпијакос.

























