Поповски замина од Металург РА, во преговори со неколку прволигаши

Еден од најдобрите стрелци минатата сезона во тимот на Металург РА, Бојан Поповски, во новата сезона ќе има нов клуб.

Неколку екипи од Македонија покажаа интерес за ресенчанецот, кој може да ги покрие левата и средна бековска позиција.

Поповски потекнува од Преспа, а по доаѓањето во Скопје го носеше дресот на тимот од Автокоманда.

Неговиот брат, Бобан Поповски, е актуелен кадетски репрезентативец на Македонија и настапи на послендото издание на ЕМОФ 2025.