Македонскиот интернационалец Мартин Поповски продолжува да игра во одлична форма во швајцарскиот шампионат.
Поповски беше најдобар стрелец во поразот на неговиот тим Цирих на домашен терен од составот на Берн со 35-30.
Македонецот успеа да постигне седум гола од девет обиди во противничката мрежа и беше најефикасен на теренот во двете екипи.
Цирих сега има 15 бода и се наоѓа на шестата позиција на табелата, а во следното коло ќе игра на гостински терен кај Сент Гален.