Поповски со одлична партија, Арау со убедлива победа

Тимот на Сур Арау, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, со победа го отвори пролетниот дел од швајцарскиот шампионат.

Сур Арау предводен од Поповски, славеше со девет гола разлика над Базел, 31-22, во натпревар од 19 коло.

Македонецот беше втор стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне осум гола во противничката мрежа.

Сур Арау се наоѓа на 8 место на табелата со 10 бодови, а следен предизвик ќе биде домашниот натпревар со фаворитот Криенс Луцерн.