Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, е елиминиран во полуфиналната серија од швајцарскиот шампионат.
Во мајсторката, односно петтиот натпревар славеше Криенс Луцерн со 24-21, и се пласираше во финалето каде ќе игра против Кадетен Шафхаузен.
Поповски беше најдобар стрелец како и по обичај во тимот на Цирих и успеа да постигне пет погодоци, но немаше вистинска поддршка од соиграчите.
Цирих ја заврши успешната сезона, а во новата повторно ќе биде дел од европските купови, а Поповски ја продолжи соработката за уште две сезони.