Тимот на Цирих, каде што настапува македонскиот интернационалец Мартин Поповски, беше елиминиран од Купот на Швајцарија.
Иако беше во игра до самиот крај, на моменти низ средбата и водеше, сепак Цирих на крајот мораше да се помири со пораз во драмата со Криенс Луцерн, 29-28.
Поповски беше најдобар стрелец на теренот и успеа да постигне седум погодоци од девет обиди во противничката мрежа.
По европската елиминација, сега и од Купот на Швајцарија, сега за Цирих и Поповски останува уште швајцарскиот шампионат.