Поповски најдобар, Цирих тргна победнички во разигрувањето за титулата!

Екипата на Амичитија Цирих, во која настапува Мартин Поповски, имаше победнички старт во разигрувањето за титулата во швајцарскиот шампионат.

Во четвртфиналето, Амичитија Цирих за противник го доби Зур Арау и триумфираше на првата пресметка со два гола разлика – 25:23 (15:10).

Македонецот повторно имаше одлична партија и беше најефикасен на натпреварот со седум погодоци.

Доколку Амичитија Цирих го добие и вториот натпревар, ќе направи голем исчекор кон обезбедување пласман во полуфиналето, а се игра на три добиени.