Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски се избори за мајсторка во полуфиналната серија.
Во четвртата средба од полуфиналето на швајцарскиот шампионат, Цирих на домашен терен убедливо го совлада Криенс Луцерн со 35-28.
Поповски, заедно со хрватско-словенечката комбинација Калеб-Лапајне беа најдобрите стрелци во победничкиот тим со по пет гола.
Мајсторката или петтиот натпревар, што носи место во финалната серија меѓу Цирих и Криенс, ќе се игра на 2 мај на теренот во Луцерн.
Петти натпревар ќе играат и Кадетен Шафхаузен и Фади Винтертур, бидејќи и таму по четири одиграни меча е 2-2 во победи.