Поповски „мистер перфект“, Цирих триумфално против Винтертур

Тимот на Цирих, каде игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, ја прекина серијата порази во швајцарскиот шампионат.

Цирих славеше на гостински терен кај незгодниот Фади Винтертур со 31-23 во натпревар од 14 коло.

Поповски беше меѓу водечките стрелци и успеа да погоди четири пати од четири обиди во домашната мрежа, и како многупати оваа сезона беше без грешка.

Цирих сега е на шестото место на табелата со 13 бодови, додека во следното коло на домашен терен ќе игра против Базел.