Поповски маестрален против шампионот Кадетен Шафхаузен

Тимот на Цирих, каде што настапува македонскиот репрезентативец Мартин Поповски, загуби од шампионот Кадетен Шафхаузен со 28-23.

Во натпреварот од 5 коло во швајцарскиот шампионат, Македонецот беше најдобар стрелец на натпреварот.

Поповски постигна осум погодоци од девет обиди, од кои два беа од пенал, а имаше и едно исклучување.

Цирих сега има три победи и два порази, а следен предизвик за Поповски и неговиот клуб ќе биде гостувањето кај Сур Арау.