Тимот на Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, обезбеди место во осминафиналето на Купот на Швајцарија.
Цирих славеше на гостувањето кај составот на Баден со 35-23, а триумфот беше обезбеден уште по првиот дел кога беше 17-11 за Цирих.
Поповски беше втор стрелец во победничкиот тим и успеа да постигне четири погодоци од пет обиди.
Десното крило, кое во Цирих игра и како десен бек, игра во одлична форма од стартот на сезонава во Швајцарија.