Тимот на Амичитија Цирих, каде што игра македонскиот интернационалец Мартин Поповски, направи изненадување и на гостински терен го совлада составот на Криенс Луцерн со 29-27.
Во натпреварот од 14 коло во швајцарскиот шампионат Цирих победи во дерби двобојот со тимот за кој настапуваат Енди Шмид, Марин Шипиќ, Кевин Бонефуа, Јонас Шнелкер, Жељко Муса, Фабијан Бем…
Македонското десно крило, кое игра и како десен бек во Цирих, беше втор стрелец на мечот кој им го донесе второто место на табелата со шест гола од седум обиди.
Сега Цирих има 20 бода на второто место, а Кадетен Шафхаузен е прв со 23 бода. Следен предизвик за Поповски и неговиот тим ќе биде домашниот дуел со Берн Мури.